Трикови за готвење од Инстаграм инфлуенсери, што не се практични и не функционираат
„Пробав да направам од оние вирални рецепти, каде што стават тестенини со цело парче фета во тава за печење, со шери домати, лук и многу маслиново масло. Па, фетата не се растопи и постојано морав да додавам вода. Изгледаше ужасно и беше многу кисело“.
Кога снимаат видеа со готвење за Инстаграм, инфлуенсерите кои не се професионални готвачи неретко споделуваат и по некој трик.
Некогаш споделуваат и рецепти кои на видеото навистина изгледаат одлично, а и наводно се прават брзо.
Но, во реалноста, голем дел од овие трикови и рецепти не се воопшто практични и изгледаат добро само на Инстаграм.
На Редит, неколку корисници ги споделуваат триковите што ги пробале, и ги разочарале:
„Тесто за пица направено од карфиол. Тој што ја измислил оваа здрава алтернатива треба да оди во затвор“.
„'Ориз' од карфиол. Ова не е ориз, никогаш нема да биде ориз“.
„Компири печени во микробранова. Не се ни споредуваат со компир печен во рерна“.