Намирници што е најдобро да ги купувате замрзнати (според професионални готвачи)
Бобинки, ракчиња и големи количини месо - кои продукти е подобро (и поекономично) да ги купувате замрзнати бидејќи генерално не им се менува вкусот?
Вкусот на свежите намирници секако е незаменлив, но некогаш е поекономично да купуваме замрзнати продукти.
Ова најмногу важи за продукти чија сезона е многу кратка, но и продукти кои брзо се расипуваат. Истовремено, важно е и вкусот на овие продукти да е речиси ист кога се замрзнати и свежи.
И, можеби најважно, кога некои продукти купувате замрзнати, ќе заштедите многу време на миење и чистење.
Кои се намирниците што професионалните готвачи секогаш ги купуваат замрзнати?
Бобинки
Сезоната на овошјето како малини е навистина кратка, што значи цената им е прифатлива многу мал период од годината.
Поради ова, најчесто е подобро да ги купувате замрзнати.
Ракчиња
За да бидете сигурни дека ракчињата што ќе ги купите се свежи, секогаш е подобро да ги набавувате замрзнати.
Секако, ова не важи ако живеете покрај море каде што често можете да допрете до навистина свежи ракчиња.
Големи количини месо
Кога купувате месо, секогаш е подобро да земете замрзнато, особено ако купувате поголеми количини.
На овој начин ќе бидете сигурни дека ќе ви трае подолго.
Пченка и грашок
Замрзнатите пченка и грашок се многу попрактични, а со замрзнувањето значително им се продолжува рокот на траење.