11 трикови со кои овошјето и зеленчукот ќе ви останат свежи подолго време
Компири
Во садот во кој ги чувате компирите ставете 1-2 јаболка и на тој начин спречете го нивното ‘ртење.
Компирите мора да ги чувате на темно и суво место, каде што ќе има струење на воздух.
Моркови
За морковите да не ви се исушат, ставете ги во ќеса во која има влажна хартија за раце, затворете ја ќесата и ставете ја во фрижидер.
Лук и кромид
За да не се исушат (или да не скапат), лукот и кромидот чувајте ги на темно место каде што ќе има циркулација на воздух.
Затоа е препорачливо да ги складирате во хартиена ќеса во која ќе направите неколку дупки.
Брокула
Брокулата сака влага, па ќе остане свежа подолго време ако ја завиткате лабаво во хартиен бришач за раце и така ја ставите во фрижидер.
Домати
Препорачливо е доматите да се чуваат на собна температура, настрана од директна сончева светлина.
Но, уште поважно е и да ги чувате свртени наопаку и на тој начин да спречите во нив да влегува воздух преку делот кај дршката, кој ќе предизвика да ја изгубат својата свежина и да почнат да скапуваат.
Зелени зеленчуци
Спанаќот, марулата и останатите зелени зеленчуци ставете ги во ќеса која ќе биде исполнета со воздух и убаво затворена.
Вака спакувани ставете ги во фрижидер, а тие подолго време ќе останат свежи и крцкави, без да ја сменат бојата.
А. Ј. | Црнобело