11 трикови со кои овошјето и зеленчукот ќе ви останат свежи подолго време
Бананите ви скапуваат, компирот 'рти, морковите ви се сушат... Што треба да направите за подолго време да им ја задржите свежината на овошјето и зеленчукот?
Дали ви се случува да купите овошје и зеленчук и за кратко време да забележите дека почнуваат да скапуваат или да ги менуваат бојата и мирисот? Ова е еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат сите во кујната.
Но, ако ги чувате правилно, тие подолго време ќе останат свежи и нема да се расипуваат. Како да го постигнете тоа?
Прочитајте ги овие едноставни совети и задржете ја свежината на овошјето и зеленчукот:
Јаболка
Јаболката ги чуваме на отворено, но ако сакаме да бидат свежи подолго време, подобро е да ги ставиме во фрижидер.
Чувајте ги во фиоката, а не на некоја од полиците.
Банани
Ако сакате да им го продолжите животот на бананите, штом ќе ги купите одвојте ги една од друга, а потоа врвот на секоја дршка завиткајте го со пластична ќеса.
Бананите се чуваат на собна температура, никогаш во фрижидер.
Цитрусно овошје
Исто како и со јаболката, ако сакате портокалите, лимоните, грејпфрутот или мандарините да бидат подолго време свежи, ставете ги во фиоката на фрижидерот (а не на полица).
Ананас
За да биде подолго време свеж, ананасот треба да го чувате во фрижидер.
Но, најпрво треба да му ја исечете дршката (листовите), а потоа да го ставите на полица превртен наопаку.
На овој начин природните шеќери што ги содржи ќе се редистрибуираат подобро низ овошјето и така ананасот ќе ја задржи свежината.
Грозје
Грозјето ќе остане свежо подолго време ако го чувате во фрижидер.
Ставете го во пластична ќеса во која ќе ставите и хартија за бришење раце за да ја собира влагата, па затворете ја ќесата.