8 чести кулинарски грешки што сите самоуверени домаќинки ги прават (а не треба)
Не го зачинувате месото пред да го подготвите
Иако ви се чини дека нема никаква разлика во тоа дали зачините ќе ги додадете пред пржењето на месото или во самото пржење, тоа не е точно.
Ако местото го посолите пред пржење, тоа ќе направи полесно да излезе течноста од него и ќе ви помогне да се формира покрцкава кора, а зачинувањето ќе помогне тоа да добие поубава и посилна арома.
Не ги пробувате ќофтињата за да видите дали се доволно зачинети
Кога ќе ја подготвите смесата за ќофтиња добро е да ја пробате за да видите дали е доволно зачинета, пред да ги обликувате и да ги ставите да се пржат.
Нема потреба да јадете живо месо, доволно е да направите едно мало топче и да го испржите за да се осигурате дека сè е во ред.
Ако недостасуваат зачини, лесно ќе го поправите вкусот, а доколку ќофтињата се пресолени, или презачинети, можете да додадете малку рендан компир, презла или мелено месо и така готвењето нема да ви биде залудно.
Предвреме ги вртите палачинките
Кога подготвувате палачинки немојте да бидете нетрпеливи.
Почекајте да се направат меурчиња за да ја превртите палачинката – во спротивно ризикувате да ви се скине.
Додавате слатка павлака или други млечни производи во пире што врие
Многу често може да се случи кога додавате слатка павлака или други млечни производи во кремастите пиреа тие да се згрутчат, ако тоа го направите додека смесата врие во тенџерето.
Најдобро е пирето да го тргнете од оган, да додадете слатка павлака или друг млечен производ и потоа да го вратите јадењето да се вари на тивок оган.
Б. С. Б. | Црнобело