Зеленчук и овошје што најчесто го сечеме погрешно (и несвесно му го менуваме вкусот)
Гранчињата од брокулата не треба да се фрлаат, туку да се јадат, јаболкото не се загризува отстрана, туку од врвот. Дали и вие ги правите овие грешки при сечењето на зеленчукот и овошјето?
За да бидеме во топ форма, според нутриционистите треба да јадеме барем 2 вида овошје и 5 видови зеленчук секој ден.
Секако, во нашите порции сакаме да ја имаме најздравата храна, а процесот на сечење и чистење да биде колку е можно полесен.
Погледнете кој зеленчук и овошје најчесто гo сечеме погрешно и заради тоа му го менуваме вкусот:
Грејпфрутот се јаде со лажица
Најголем дел од луѓето не сакаат да јадат грејпфрут заради благо-горчливиот вкус, кој доаѓа од цврстите (бели) ѕидови меѓу парчињата.
За да ја избегнете „средбата“ со непријатниот вкус, наместо на парчиња, грејпфрутот можете да го исечете на половина, па со лажица да го јадете само средниот дел од парчињата (без да ги јадете белите делови).
Семките на урмите се чистат пред јадење
Семките од урмите може да се извадат без да ги засекувате или да ризикувате да скршите заб.
Доволно е само да земете стапче за раженче и да ја поттурнете семката нанадвор.
Не ги фрлајте гранчињата од карфиолот и брокулата
Пред да ги отстраните гранчињата од брокулата и карфилот и да ги фрлите треба да знаете дека тие се богати со влакна, витамин C и калциум, па затоа добро би било и нив да ги исечкате и да ги искористите при наредниот оброк.
Портокалот само се засекува и се отвора
Сите знаеме дека портокалите се многу здрави и го зајакнуваат имунитетот, но некогаш е вистински кошмар да ги излупите. Најлесно е да ги отсечете врвовите, па потоа само да го засечете од едната страна и да го отворите како тетратка.
На овој начин најчесно ќе ги извадите парчињата од лушпата.
Грашок
Наместо да мачите мака со топчињата грашок кои одбиваат да бидат боцнати со виљушка и бегаат по чинијата, најдобро е да ги испасирате и да ги јадете без проблем.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





