Намирници кои траат „вечно“, но им се менува вкусот по неколку месеци (и не треба да ги јадете)
Маслиновото масло, јаткастите плодови и киноата навистина имаат многу долг рок на траење, но по неколку месеци им се влошува вкусот, особено ако не ги чувате правилно.
За некои намирници сме убедени дека траат вечно бидејќи ни изгледаат добри за јадење и по неколку месеци.
Не покажуваат знаци на расипување, како мувла, па не ги ни фрламе.
Генерално ова е храна што не ја чуваме во фрижидер и која навистина трае долго, но по извесен период ѝ се влошува вкусот и не би требало да ја јадеме.
Кои намирници спаѓаат овде?
Киноа
Најголемите „непријатели“ на киноата се високите температури и влагата.
Ако ја чувате во добро затворен сад, може да ви трае и неколку месеци.
Сепак, ако забележите дека киноата има посилен мирис од вообичаено, тогаш е време да ја фрлите.
Прашок за печива
Проблемот кај прашокот за печиво е што со текот на времето ги губи својствата.
За да проверите дали прашокот за печиво е добар, измешајте го со врела вода. Ако почне да прави пена и меурчиња, тогаш е доволно свеж за да го додадете во печивото.
Крекери
Откако ќе ја отворите оригиналната амбалажа, важно е да ги чувате крекерите во добро затворен сад. На овој начин можат да ви траат и пет-шест месеци.
По ова, вкусот им се влошува.
Јаткасти плодови
Излупените јаткасти плодови исто така траат долго, но поради мастите што ги содржат, сепак не се погодни за јадење по неколку месеци.
Ако забележите дека се потемни од вообичаено или имаат поизразен мирис, најдобро фрлете ги.
Но, јаткастите плодови можат да ви траат и цела година ако ги ставите во добро затворен сад што не пропушта влага и ги чувате во фрижидер.
Житарици
Повеќето житарици не се погодни за јадење по околу три месеци откако ќе ги отворите.
Причината е изложеноста на воздух кој им го менува вкусот.
Житариците со поголема содржина на јаткасти плодови траат и пократко.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





