Корисни трикови како да откриете дали намирниците се свежи и вкусни или расипани и незрели
Кокосово масло
За да го проверите квалитетот на кокосовото масло, ставете го во фрижидер.
Ако изгледа хомогено откако ќе се стврдне, тогаш е добро.
Ако во маслото има и други масла, тие ќе создадат посебен слој.
Кромид
Излупете многу мал дел од кромидот за да ја видите бојата во неговата внатрешност.
Ако изгледа потемна од вообичаено, голема е веројатноста да почнува да се развива мувла.
Лимон
Кога станува збор за лимони, нивната големина не е воопшто важна.
За да оцените дали лимонот е сочен, нежно притиснете го со палецот и показалецот.
Ако е малку мек, тогаш е во ред. Ако е многу тврд, тоа значи дека има многу дебела кора и не е сочен.
Ако, па, е многу мек, тогаш веќе почнал да скапува.
Јајца
За да проверите дали јајцето е добро за јадење, скршете го во чинија.
Доколку жолчката остане на средината, тогаш е свежо. Доколку веднаш се измести до работ на жолчката, подобро фрлете го.
Авокадо
Авокадото има ужасен вкус кога не е зрело, а проблемот е што е погодно за јадење само 2-3 дена.
За да проверите дали е зрело, пробајте да го откинете делот од гранчето.
Ако можете да го отстраните лесно, тогаш е зрело.
Спирова С. | Црнобело