5 намирници на кои може да штедите и 5 за кои вреди да платите повеќе

Слободно купувајте ги најевтините тестенини, но, од друга страна, вреди да дадете повеќе пари за квалитетно маслиново масло бидејќи може да направи голема разлика во вкусот.

5-namirnici-na-koi-mozhe-da-shtedite-i-5-za-koi-vredi-da-platite-povekje-01.jpg

Кога сакаме поквалитетни намирници, обично се водиме според нивната цена. Мислиме дека она што е поскапо, секогаш е и подобро.

Сепак, во некои случаи, навистина нема потреба да купувате скапи намирници бидејќи нема да забележите (значителна) разлика во вкусот.

Лизи Брискин од САД е професионален готвач и за Insider открива за кои намирници треба да штедите, а за кои вреди да потрошите повеќе бидејќи прават разлика во вкусот.

Секако, воопшто нема потреба да ги купувате најскапите брендови од некои продукти, а ако вам ви се допаѓа и најевтината варијанта, слободно продолжете да ја користите.

5 намирници за кои нема потреба да давате многу пари:

Шеќер

Лизи советува слободно да го купувате најевтиниот шеќер бидејќи не прави никаква разлика.

Според неа, не е воопшто важно каков десерт правите - нема потреба да давате многу пари за шеќер.

5-namirnici-na-koi-mozhe-da-shtedite-i-5-za-koi-vredi-da-platite-povekje-02.jpg

Тестенини

Овојпат станува збор за суви, а не свежи тестенини.

Лизи открива дека обично разликата во поевтините и поскапите брендови е видот на брашно што е користен и процесот на сушење.

Но, таа вели дека ова не прави разлика во вкусот на тестенините, па слободно купувајте ги најевтините.

5-namirnici-na-koi-mozhe-da-shtedite-i-5-za-koi-vredi-da-platite-povekje-03.jpg

Соја сос

Освен ако не го користите соја сосот за суши, нема потреба да купувате скапи брендови.

И евтините брендови се сосема во ред ако ги користите како додаток во ориз, нудли, пржен зеленчук и слично.

5-namirnici-na-koi-mozhe-da-shtedite-i-5-za-koi-vredi-da-platite-povekje-04.jpg

Сол

Солта е неизоставен дел од секое јадење, а според Лизи, не е важно дали ќе користите скапа или евтина.

Таа истакнува дека и во повеќето ресторани, готвачите користат релативно евтина сол.

5-namirnici-na-koi-mozhe-da-shtedite-i-5-za-koi-vredi-da-platite-povekje-05.jpg

Јаткасти плодови

Некои јаткасти плодови можат да бидат навистина скапи.

Сепак, ако ги користите како додаток во десерти, салати и слично, слободно одбирајте ги најевтините.

5-namirnici-na-koi-mozhe-da-shtedite-i-5-za-koi-vredi-da-platite-povekje-06.jpg

На следната страница, 5 намирници за кои вреди да патите повеќе…



Би можело да ве интересира:

4 совети од нашите баби за крофните да не впиваат многу масло и да останат меки Со овие едноставни совети кои се пренесуваат со генерации, крофните веќе никогаш...
Храна која ќе ве држи сити подолго (а има малку калории) Поради хранливите влакна и другите состојки, јаболкото ќе ве засити, а чувството...
Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
Намирници што е најдобро да ги купувате замрзнати (според професионални готвачи) Бобинки, ракчиња и големи количини месо - кои продукти е подобро (и поекономично...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg