Викенд десерт: Чоколадни бомбици со вишни
-->
Вкусот на вишна и чоколада совршено се надополнуваат, а овие бомбици брзо ќе ви станат меѓу омилените брзи десерти.
Овие бомбици се одлични ако се подготвувате за слава или именден, а можете да ги подготвите и како десерт за цела недела.
-->
Постапката за подготовка е речиси идентична со подготовката на останатите колачи за слава и именден, со таа разлика што овие бомбици во средината имаат по една вишна.
Не се печат и не се матат, а по нивната подготовка нема да ви остане полн мијалник со садови.
Потребни состојки:
- 300ml вода;
- 400g шеќер;
- 250g маргарин;
- 350g мелени ореви;
- 200g мелени бисквити;
- 8 ситно издрбени розен кори;
- 1 ќесе замрзнати вишни;
- 250g чоколада за готвење;
- 5 лажици масло
Начин на подготовка:
- Во тенџере се ставаат водата и шеќерот и се варат на средна температура со повремено мешање, а кога ќе зоврие водата, се остава да врие уште 3 минути и се гаси ринглата;
- Во водата се додава маргаринот исечкан на коцкички и се меша со шпатула додека не се стопи во целост;
- Смесата се трга од рингла, па се додаваат мелените ореви, бисквити и издробените розен кори и смесата се меша додека не се соедини, по што се остава да се олади;
- Од готовата смеса се формираат бомбици, а во средината на секоја од нив се става по една претходно исцедена вишна;
- Готовите бомбици се редат на плех, а потоа се оставаат во алдилник за да се стегнат;
- Чоколадата се топи на пареа и ѝ се додаваат 5 лажици масло за јадење, па со оваа глазура се прелеваат бомбиците и се оставаат да се стегнат. Дополнително можете да ги декорирате со мелени ореви или со други декорации за колачи.
Б. С. Б. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат
Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Рецепт за вртена пита со паричка за Василица од готови кори
Рецепт што ќе им се допадне на младите, но и на искусните домаќинки. Како да под...
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече
Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...
Чоколадни бомбици од смеса за готова торта
Со смеса за чоколадна торта за час ќе направите супер десерт - вкусни бомбици со...
Печени јаболки во лиснато тесто, полнети со ореви
Кога ќе споите јаболки, цимет и ореви, добивате совршен есенски вкус и мирис.
...
Викенд десерт: Рецепт за бајадера торта што не се пече
За да ја подготвите оваа вкусна торта ќе ви биде потребно само да ги изматите фи...
-->