Летна Мимоза повкусна од оригиналната – заменете една состојка и имате ручек за 10 минути
-->
Доколку сакате брзи и вкусни јадења за време на топлите летни денови, „лажната“ редена Мимоза салата ќе ве воодушеви.
Она што сите го сакаме во познатата редена „Мимоза“ е кремастата текстура, а во оваа летна варијанта потребно е да смените само една состојка за да добиете фантастичен вкус и готов оброк за само 10 минути.
-->
Потребни состојки:
- 400g ситни макарони
- 5 кисели краставички
- 250g мајонез
- 250g шунка
- 400g кисела павлака
- 5 варени јајца
- 200g сирење
Начин на подготовка:
- Во овој рецепт наместо компири ставете макарони. Сварете ги според упатството на ќесичката. Исцедете ги откако ќе бидат готови. Сварете ги и јајцата и оставете ги малку да се изладат.
- Потоа изрендајте ги шунката, краставиците, јајцата и сирењето. Оставете 2 жолчки на страна бидејќи со нив ќе ја украсите салатата.
- Во еден сад соединете ги павлаката и мајонезот и подгответе сад во кој ќе ги наредите состојките за салатата.
- Истурете ги макароните во подлабок сад, па нанесете слој од матената павлака и мајонезот.
- Потоа наредете ја шунката, па тенок слој прелив. Наредете ги јајцата и киселите краставички заедно, па повторно нанесете тенок слој прелив.
- Посипете ја салатата со тврдо рендано сирење и иситнетите жолчки како декорација.
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Брз летен ручек: Полнети пиперки со фета сирење и сланина
Сте пробале ли полнети пиперки со сирење и сланина? Ако не, ова ќе ви стане омил...
Протеински појадок за енергетски почеток на денот
Омлет со неколку видови зеленчук и фета сирење е одличен избор за да го почнете ...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат
Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење
Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за колач со кокос и плазма, без печење
Овој брз десерт без печење им успева на сите, дури и на оние што не ги „бива“ во...
Рецепт за вртена пита со паричка за Василица од готови кори
Рецепт што ќе им се допадне на младите, но и на искусните домаќинки. Како да под...