Сладолед, ражничи и уште 3 идеи што да направите кога имате голема лубеница, за да не ви скапе

Сладолед, коцки мраз, ражничи, овошна салата... Што сѐ можете да направите од лубеница? Ќе ви бидат потребни овие идеи за да не ви скапе големата лубеница која сте ја купиле, а не можете да ја дојадете. 

shto-mozhete-da-napravite-ako-ste-kupile-golema-lubenica-5-recepti-za-specijaliteti-od-omileniot-leten-zelenchuk-01.jpg

Пазарите се преполни со нив, но се чини дека многу тешко може да се најдат помали лубеници, па често се случува да остане и да скапе. 

Во продолжение погледнете неколку едноставни рецепти за тоа што можете да направите од преостаната лубеница што не сте успеале да ја изедете.

Коцки мраз од лубеница

Сите знаат дека лубеницата е полна со вода, па затоа е идеална за подготовка на коцки мраз со вкус.

Парчињата лубеница се чистат од семки, се рендаат, а потоа се распоредуваат во садови за мраз.

Можете да ги користите за коктели или за другите пијалаци.

shto-mozhete-da-napravite-ako-ste-kupile-golema-lubenica-5-recepti-za-specijaliteti-od-omileniot-leten-zelenchuk-02.jpg

Сладолед од лубеница

Потребни ви се околу 375-400g лубеница (исечени парчиња и прочистени од семки).

Парчињата лубеница се пасираат во блендер и се ставаат во калапи за сладолед, па се оставаат да отстојат околу 3 часа во замрзнувач или преку ноќ.

За шарени сладоледи, калапите може да се дополнат со пасирани киви од блендер.

shto-mozhete-da-napravite-ako-ste-kupile-golema-lubenica-5-recepti-za-specijaliteti-od-omileniot-leten-zelenchuk-03.jpg

Смути од лубеница

Во блендер се ставаат околу 150g лубеница (прочистена од семки и исечкана), 1 помала банана (излупена и исечкана) и околу 100ml сок од јаболко.

Сите состојки се мешаат во блендер.

shto-mozhete-da-napravite-ako-ste-kupile-golema-lubenica-5-recepti-za-specijaliteti-od-omileniot-leten-zelenchuk-07.jpg

Ражничи од лубеница

На стапчиња за ражничи можете да наредите коцкички лубеница и парчиња моцарела и да ги комбинирате со свежи листови нане или босилек.

Ражничите се прелеваат со балсамико крем по ваш избор.

shto-mozhete-da-napravite-ako-ste-kupile-golema-lubenica-5-recepti-za-specijaliteti-od-omileniot-leten-zelenchuk-05.jpg

Овошна салата од лубеница и малини со крем сирење

Во длабок сад се ставаат околу 1kg лубеница исечкана на мали париња.

Во друг сад се мешаат 250g крем сирење, ½ лажица екстракт од ванила и 1 лажица кафеав шеќер.

Лубеницата се меша со уште 125g свежи малини и се прелева со сосот од крем сирење.

shto-mozhete-da-napravite-ako-ste-kupile-golema-lubenica-5-recepti-za-specijaliteti-od-omileniot-leten-zelenchuk-08.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брз летен ручек: Полнети пиперки со фета сирење и сланина Сте пробале ли полнети пиперки со сирење и сланина? Ако не, ова ќе ви стане омил...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...
Лесна салата со макарони и свеж зеленчук – идеална за топлите денови Кога надвор е претопло и немате желба за многу готвење, ниту за јадење тешка хра...
Вкусен домашен ручек - Како да направите тавче гравче? Тавче гравче претставува македонски традиционален рецепт кој бара внимание, но л...
Рецепт за посна салата од компири со прелив од кари Компирите честопати се дел од нашето мени, без разлика дали е за ручек, како сал...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg