Без печење: Редена еклер торта со бисквити, шлаг и чоколаден прелив

Доколку и вие сте од оние што обожаваат еклери, а не сакаат да губат премногу време за подготовка, ова е добар рецепт за еклер торта, за која воопшто нема да имате потреба од печење.

nema-potreba-od-pechenje-redena-ekler-torta-so-biskviti-shlag-i-chokoladen-preliv-01.jpg

Ова е рецепт за брза редена торта, која речиси во целост е со шлаг и со крем, а има сосема малку кора, слично како еклерите.

Погледнете во продолжение како се подготвува:

Потребни состојки:

  • 200g бисквити
  • 800ml млеко
  • 2 ќесички пудинг од ванила
  • 250g шлаг пена;
  • 50g темно чоколадо;
  • 2 супени лажици путер;
  • 300g шеќер;
  • 3 супени лажици млеко;
  • 1 супена лажица Агаве сируп (или мед);
  • 1 супена лажица екстракт од ванила.

Начин на подготовка:

  • На  плех со димензии 30×20cm се реди еден ред бисквити. По потреба бисквитите може да се скршат за да се распоредат рамномерно.
  • Со маталка се мешаат млекото и пудингот и се оставаат да отстојат 2 минути, а потоа се додава и шлаг пената.
  • Смесата се распоредува рамномерно врз бисквитите.
  • Врз шлагот се ставаат преостанатите бисквити.
  • На пареа се топат чоколадото и путерот и внатре се додаваат преостанатите состојки: шеќер, 3 лажици млеко, Агаве сируп и екстракт од ванила.
  • Чоколадото се распоредува рамномерно врз тортата.
  • Тортата се прекрива со пластична фолија и се остава во ладилник околу 8 часа или цела ноќ.

Деталното упатство за подготовка погледнете го во приложеното видео:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чоколадни бомбици од смеса за готова торта Со смеса за чоколадна торта за час ќе направите супер десерт - вкусни бомбици со...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...
Рецепт за совршени чоколадни колачиња со портокал Совршен вкус на чоколадо и портокал кој се топи уште од првиот залак... Соврш...
За љубители на кафе: Браунис колачиња што се топат во уста  Браунис колачиња со вкус на еспресо - има ли подобар десерт за љубителите на чок...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg