Празничен десерт: Божиќни кифлички со чоколадо и лешници

Полека почнува да се чувствува претпразничната еуфорија, а ова е период кога се прават и вкусни божиќни колачиња. Наместо вообичаените ванилици со мармалад, годинава можете да направите малку поинакви кифлички.

sovrsheni-so-kafe-ili-chaj-bozhikjni-kiflichki-so-chokolado-i-leshnici-i-speltno-brashno-01.jpg

Овие колачиња се подготвуваат со брашно од спелта, а совршено одат со кафе или чај и можете да ги јадете веднаш штом ќе излезат од рерна.

Потребни состојки за околу 40 кифлички:

  • 260 g брашно од спелта;
  • 20 g какао во прав;
  • 70 g шеќер;
  • 100 g мелени лешници;
  • 150 g кокосово масло;
  • 60 g нутела крем.

    За декорација:
  • 2 лажици шеќер во прав;
  • 1 лажица какао во прав.

Начин на подготовка:

  • Во длабок сад се мешаат брашното, какаото во прав, шеќерот и мелените лешници.
  • Се додава кокосово масло и нутела крем и се меси мазно тесто.
  • Од готовото тесто се прави ролат со дијаметар од околу 3 до 4 cm. Ролатот се витка во проѕирна фолија и се остава во ладилник околу еден час.
  • Рерната се пушта да се загрее на 180 степени Целзисуови.
  • Од ролатот се сечат кругови со дебелина од околу 1 cm, а се обликуваат во форма на полумесечини и се распоредуваат на плех за печење обложен со хартија за печење.
  • Кифличките се печат околу 12 до 15 минути на температура од 180 степени.
  • Во меѓувреме во помал сад се мешаат шеќер во прав и какао за декорација.
  • Кифличките се вадат од рерната и се оставаат да се оладат околу 2 до 3 минути, а потоа се валкаат во мешавината од какао и шеќер во прав.

Божиќните кифлички се популарни и на Инстаграм:

https://www.instagram.com/p/CWoIlCxM5vh/?utm_source=ig_web_copy_link

View this post on Instagram

A post shared by einfachbacken.de (@einfachbacken)

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Нова верзија на рецептот на баба: Омилените божиќни гурабии со ванила и ореви Се сеќавате на вкусните колачиња што буквално ви се топат во уста? Меки и полнет...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...
Рецепти за 3 брзи ролати за новогодишната трпеза Чоко ролат со крем банани, или ролат со кокос... Изберете некои од нашите предло...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg