Есенски десерт: Мини лиснати пити полнети со фил од тиква

Есента е сезона на тиквата, па наместо варена или печена, обидете се да направите нетрадиционален десерт.

zdrava-uzhinka-za-celoto-semejstvo-vkusni-mini-piti-so-tikva-01.jpg

Ви нудиме неодолив десерт за мини лиснати пити со тиква, направени со готово тесто. 

Состојки:

  • 2 готови теста за пита
  • 50g кафеав шеќер
  • 2 супени лажици бел шеќер
  • мала лажичка сол
  • 300g пире од тиква
  • 190ml кондензирано млеко
  • 1 јајце
  • ½ лажичка екстракт од ванила
  • шлаг пена

 zdrava-uzhinka-za-celoto-semejstvo-vkusni-mini-piti-so-tikva-02.jpg

Подготовка:

  • Тестото се танчи со сукало додека не биде со дебелина од околу 3 mm.
  • Од истенченото тесто се прават 18 кругови со дијаметар од околу 9 cm. По потреба остатоците од тестото може повторно да се премесат и да се истанчат и од нив да се направат нови кругови.
  • Круговите се редат во калапи за мафини, така што ќе се создаде форма на корпа.
  • Готовото тесто се остава во ладилник, додека да го подготвите филот.
  • Во длабок сад се мешаат прво кафеавиот шеќер, белиот шеќер и солта, а потоа се додава и пирето од тиква, млекото, изматено јајце и екстракт од ванила. Сите состојки се мешаат додека да се добие рамномерна смеса.
  • Калапите со мини тестата се вадат од ладилник и се полнат со подготвениот фил (околу 2 супени лажици фил за секоја мини пита).
  • Мини питите се печат во претходно загреана рерна на температура од 200 степени Целзиусови.
  • Потребни се од 16 до 20 минути за питите да бидат готови, односно тестото да порумени, а филот да се зацврсти.
  • Готовите пити се вадат од рерна и се оставаат да се оладат околу 30-тина минути во калапот. Откако ќе се извадат, се оставаат да се оладат во целост, по што се ставаат во ладилник уште најмалку 3 часа.
  • Пред сервирање мини питите може да се декорираат со шлаг пена.

zdrava-uzhinka-za-celoto-semejstvo-vkusni-mini-piti-so-tikva-03.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Викенд мезе: Мини тортиљи со пилешко и зеленчук по турски рецепт Мини пилешките тортиљи по турски рецепт се деликатес кој мора да го пробате. ...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Рецепти за 3 брзи ролати за новогодишната трпеза Чоко ролат со крем банани, или ролат со кокос... Изберете некои од нашите предло...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg