Рецепт за брза турска пита со над 10 милион прегледи – нема кора, а се прави многу лесно
-->
Питите се одличен оброк што може да се јаде во различни прилики. Одлични се како појадок, вечера, ужина или пак предјадење.
Оние коишто не сакаат да губат многу време во кујната секогаш се во потрага по брзи и вкусни решенија. Кога сте во потрага по ваков лесен рецепт, оваа турска пита ќе ја обожавате.
-->
Потребни состојки (*чашата за мерење е од 200 ml):
- 2 компири
- 2 домати
- 3 зелени пиперки
- 2 млади кромитчиња
- 4 јајца
- 1 лажичка сол
- 100g фета сирење
- 1 чаша масло
- 1,5 шолја млеко
- 3,5 чаши брашно
- 2 ќесички прашок за печиво
- Рендано сирење
Начин на подготовка:
- Исечете ги компирите, доматите, зелените пиперки и зелениот кромид на мали коцки.
- Потоа изматете ги јајцата, додадете го зеленчукот, солта, сечканата фета, масло и млеко. Добро промешајте.
- На крајот, додадете брашно и прашок за печиво. Премачкајте калап со дијаметар од 32 cm со путер или масло.
- Истурете ја смесата, посипете со ренданото сирење и печете на 200 °C околу 30-35 минути.
За поедноставна подготовка, погледнете го оригиналното видео:
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата
Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство
Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Брз летен ручек: Полнети пиперки со фета сирење и сланина
Сте пробале ли полнети пиперки со сирење и сланина? Ако не, ова ќе ви стане омил...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат
Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
-->
-->