Експресно готов – Есенски колач со фил од јаболка
-->
Рецепт за најбрзиот колач од јаболка, подобар и од секоја есенска пита – ќе ве освои од прво залче, од прво правење.
Кога немате многу време за подготовка, направете го овој лесен колач за секој ден, со чајче или топло кафе.
-->
Ви треба само една шолја од 200ml со која ќе ги мерите сите состојки.
Потребни состојки:
- 1 шолја брашно
- 1 шолја гриз
- 1 шолја шеќер
- 10g ванилин шеќер
- 1 лажичка цимет
- 1 шолја жешко млеко
- 30g путер
- Шеќер во прав
Ако сакате колачот да е поголем, дуплирајте ги сите состојки.
Подготовка:
- Излупете и изрендајте ги јаболката. Додадете ги циметот и ванилиниот шеќер, па промешајте.
- Во жешкото млеко ставете го путерот, додека не се растопи.
- Во поголема чинија ставете ги брашното, гризот и шеќерот, па добро промешајте. Поделете ја смесата на два дела.
- Еден калап обложете со хартија за печење, па премачкајте го со масло.
- На дното ставете половина од смесата со гриз, брашно и шеќер. Врз неа ставете ги ренданите јаболка.
- Израмнете, па ставете ја другата половина од сувите состојки. Со виљушка избоцкајте, па претурете го млекото со путер.
- Печете во загреана рерна на 180 степени околу 40-50 минути. Кората треба да зарумени.
- Изладете го колачот пред послужување и посипајте го со шеќер во прав. Може да додадете и уште малку цимет, по вкус.
Детална постапка:
-->
-->
-->
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Колач со вишни, по рецептот на нашите баби
Ако носталгијата има мирис и вкус, тогаш сигурно потсетува на колачот со вишни ш...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата
Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни
Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Рецепт за путер колачиња со рум од кои ќе замириса целиот дом
Денес ви прикажуваме еден супер лесен рецепт за путер колачиња со рум.
Лесен ...
-->