Рецепт за сладок, кремаст сос од тиква, со мирис на есен

Во него може да се мацне парче овошје, крекер или јаткасти плодови, а највкусен е токму во сезоната на тиквите и есента.

recept-za-sladok-kremast-sos-od-tikva-so-vkus-na-esen-01.jpg

Идеално се вклопува со шолја топол чај или како лесен десерт.

Потребни состојки:

  • 230ml павлака за матење
  • 430ml пире од печена тиква
  • 1 сварен инстант пудинг од ванила
  • Слатки зачини – цимет, мускатно оревче, ѓумбир

Подготовка:

  • Сварете го пудингот од ванила како и вообичаено и добро оладете го.
  • Измешајте го пирето од тиква со пудингот и додадете ги сите слатки зачини.
  • Изматете ја павлаката додека не добиете шлаг и помешајте ги двете смеси заедно.
  • Послужете во длабок сад или повеќе длабоки чинии, а на страна наредете слатки вафли, палачинки, бисквити, свежо овошје и јаткасти плодови.

recept-za-sladok-kremast-sos-od-tikva-so-vkus-na-esen-02.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брз ролат со плазма и овошје (без печење) Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...
Рецепт за пилешко полнето со печурки и пармезан Ако досега не сте зготвиле пилешки гради на овој начин, пробајте ги веднаш - нем...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Здрава ресана торта, подготвена во блендер Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
Печени јаболки во лиснато тесто, полнети со ореви Кога ќе споите јаболки, цимет и ореви, добивате совршен есенски вкус и мирис. ...
Рецепт за здраво тирамису, со овесни снегулки и ванила Иако е одличен здрав десерт, ова тирамису од овесни снегулки можете да го јадете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg