6 едноставни сосови со кои ќе ги претворите обичните тестенини во вкусен деликатес
-->
Речиси и да нема личност која не сака тестенини – ова јадење е лесно за подготовка и многу вкусно, а во комбинација со едноставен сос може да се претвори во вистински деликатес.
Ако ви треба инспирација за следниот сос за тестенини, сигурно ќе ви се допадне нешто од следниве едноставни предлози:
-->
Болоњезе сос
Потребни состојки:
- 250 грама мелено месо
- 8 домати (обарени, излупени и исечкани на мали парчиња)
- 1 чешне лук
- 100 грама рендан пармезан
- ½ шолја црвено вино
- Босилек, оригано, сол и бибер по вкус
Начин на подготовка:
- Запржете го меленото месо во маслиново масло. Истурете го виното во тавата и мешајте додека да испари течноста. Додајте ги доматите, добро измешајте и гответе на тивок оган 25-30 минути.
- Додајте ги лукот, босилекот, ориганото и биберот и гответе уште 10-тина минути.
- Измешајте го сосот со тестенините и нарендајте пармезан.
Кремаст сос со печурки и свинско
Потребни состојки:
-->
-->
- 500 грама шампињони
- 500 грама свинско месо
- 200 грама рендан кашкавал
- 200 милилитри хопла за готвење
- 1 шолја бело вино
- 1 кромид
- 4-5 чешниња лук
- Сол и бибер
Начин на подготовка:
-->
- Ситно исечкајте ги кромидот и лукот, месото исечете го на коцки, а печурките на тенки парчиња. Ставете сè во тава со загреано маслиново масло и пржете додека месото и зеленчукот не добијат златно кафеава боја.
- Префрлете ги сите состојки во тава за сос, додајте го виното и малку вода и оставете ја тавата неколку минути на тивок оган.
- Додајте ги хоплата и ренданиот кашкавал и гответе сè додека не се зготви свинското месо.
Макарони со многу кашкавал
Потребни состојки:
-->
- 50 милилитри хопла за готвење
- 200 грама кашкавал
- ½ лажичка бибер
- ½ лажичка сушен босилек
- 2-3 чешниња лук
- Сол
Начин на подготовка:
- Исечете го кашкавалот на мали коцки и ставете го во тенџере со хоплата. Постојано мешајте додека да се стопи кашкавалот и додека да добиете хомогена смеса.
- Додајте ги зачините и добро измешајте. Ако има потреба, можете да додадете уште малку хопла.
Уште три сосови на следната страница...
Би можело да ве интересира:
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство
Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг
Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа
Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Сочно пилешко во сос од сенф и кари
Ако немате идеја за ручек или сакате да зготвите нешто вкусно кога ќе поканите г...
5 домашни сосови кои се одлична замена за мајонез
Се подготвуваат брзо, лесно, вкусни се и здрави и одлична замена се за мајонез.....
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки
Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...