6 едноставни сосови со кои ќе ги претворите обичните тестенини во вкусен деликатес

Речиси и да нема личност која не сака тестенини – ова јадење е лесно за подготовка и многу вкусно, а во комбинација со едноставен сос може да се претвори во вистински деликатес.

6-ednostavni-sosovi-so-koi-kje-gi-pretvorite-obichnite-testenini-vo-vkusen-delikates-01.jpg

Ако ви треба инспирација за следниот сос за тестенини, сигурно ќе ви се допадне нешто од следниве едноставни предлози:

Болоњезе сос

Потребни состојки:

  • 250 грама мелено месо
  • 8 домати (обарени, излупени и исечкани на мали парчиња)
  • 1 чешне лук
  • 100 грама рендан пармезан
  • ½ шолја црвено вино
  • Босилек, оригано, сол и бибер по вкус

Начин на подготовка:

  • Запржете го меленото месо во маслиново масло. Истурете го виното во тавата и мешајте додека да испари течноста. Додајте ги доматите, добро измешајте и гответе на тивок оган 25-30 минути.
  • Додајте ги лукот, босилекот, ориганото и биберот и гответе уште 10-тина минути.
  • Измешајте го сосот со тестенините и нарендајте пармезан.

6-ednostavni-sosovi-so-koi-kje-gi-pretvorite-obichnite-testenini-vo-vkusen-delikates-02.JPG

Кремаст сос со печурки и свинско

Потребни состојки:

  • 500 грама шампињони
  • 500 грама свинско месо
  • 200 грама рендан кашкавал
  • 200 милилитри хопла за готвење
  • 1 шолја бело вино
  • 1 кромид
  • 4-5 чешниња лук
  • Сол и бибер

Начин на подготовка:

  • Ситно исечкајте ги кромидот и лукот, месото исечете го на коцки, а печурките на тенки парчиња. Ставете сè во тава со загреано маслиново масло и пржете додека месото и зеленчукот не добијат златно кафеава боја.
  • Префрлете ги сите состојки во тава за сос, додајте го виното и малку вода и оставете ја тавата неколку минути на тивок оган.
  • Додајте ги хоплата и ренданиот кашкавал и гответе сè додека не се зготви свинското месо.

6-ednostavni-sosovi-so-koi-kje-gi-pretvorite-obichnite-testenini-vo-vkusen-delikates-3.JPG

Макарони со многу кашкавал

Потребни состојки:

  • 50 милилитри хопла за готвење
  • 200 грама кашкавал
  • ½ лажичка бибер
  • ½ лажичка сушен босилек
  • 2-3 чешниња лук
  • Сол

Начин на подготовка:

  • Исечете го кашкавалот на мали коцки и ставете го во тенџере со хоплата. Постојано мешајте додека да се стопи кашкавалот и додека да добиете хомогена смеса.
  • Додајте ги зачините и добро измешајте. Ако има потреба, можете да додадете уште малку хопла.

6-ednostavni-sosovi-so-koi-kje-gi-pretvorite-obichnite-testenini-vo-vkusen-delikates-04.JPG

Уште три сосови на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Сочно пилешко во сос од сенф и кари Ако немате идеја за ручек или сакате да зготвите нешто вкусно кога ќе поканите г...
5 домашни сосови кои се одлична замена за мајонез Се подготвуваат брзо, лесно, вкусни се и здрави и одлична замена се за мајонез.....
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg