Тостирани праски - летен десерт за 5 минути
Најбрзиот летен десерт е воедно и најздрав. Тостираните праски, колку и да звучи чудно, може да ги подготвите за сите ненајавени гости или кога едноставно не ви се готви торта со многу слоеви.
Лесни се за консумирање дури и за оние кои се на посебна исхрана или диета, а ќе им се допаднат дури и на оние кои сакаат само чоколадни десерти.
За подготовка ви се потребни неколку праски, грчки јогурт за поздрава варијанта или топка сладолед, малку мед и јаткасти плодови.
Праските се премачкуваат со малку масло, се печат на тостер 4 минути, па се полнат со додатоците по желба, во случајов со грчки јогурт, мед и гранола.
Брзиот Instagram рецепт кој летово ќе го научите напамет:
https://www.instagram.com/p/CP6ZDbmgCnu/
М. Д. | Црнобело