Летен десерт: Лава колач сервиран во кора од портокал
-->
Омилениот лава колач подготвен на полесен начин со освежувачки вкус на портокал – вреди да се проба, нели?
Вкусното колаче од кое тече чоколадо и се топи во уста сега може да го направите на нов начин и да го сервирате уникатно.
-->
За богатиот вкус кој е комбинација на чоколадо и портокал не мора да кажуваме, сами ќе пробате.
Потребни состојки:
- 6 портокали, издлабени
- 150g шеќер
- 3 јајца
- 150g путер, стопен
- 150g темно чоколадо, стопено
- 100g брашно
- Шеќер во прав за наросување
- Нане за сервирање
Начин на подготовка:
- Исчете го горниот дел на портокалот и отстранете ја внатрешноста без да ја оштетите кората.
- Внатрешниот дел од портокалот исцедете го и тргнете го сокот настрана.
- Горниот дел од портокалот свртете ги надолу на хартија за печење, а кората од портокал ставете ја врз нив и прицврстете ги со чачкалици.
- Измешајте ги шеќерот, сокот од портокал, јајцата, стопениот путер и стопеното темно чоколадо, а на крај додадете го брашното.
- Истурете ја смесата во портокалите подеднакво и ставете да се печат 20 минути на 180 степени Целзиусови.
- Кога ќе ги извадите од рерна, наросете со шежер во прав и декорирајте со нане. Нема потреба да се мачите да ги превртите колачите – јадете директно од портокалот.
Детална постапка погледнете во видеото:
-->
-->
М. М. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Колач со вишни, по рецептот на нашите баби
Ако носталгијата има мирис и вкус, тогаш сигурно потсетува на колачот со вишни ш...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече
Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...
Прсти да излижете: Баунти колач со кокос и Орео колачиња, што не се пече
Од овој колач задолжително ќе барате парче плус, а е омилен им е на сите оние шт...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство
Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...