Највкусните маринади за месото подготвено на скара
-->
Целта на секоја маринада е да го омекне месото и да го направи посочно.
Месото би требало да отстои во марината барем 3 часа пред да го испечете на скара, а процесот може да трае и подолго, односно преку ноќ.
-->
Ви откриваме како се прават различни, вкусни маринади:
* Сите маринади се подготвуваат исто – сите состојки се мешаат во сад или во вакум кесичка, каде потоа го истурате месото.
Основна маринада
Состојки:
- 100ml сончогледово масло
- 100ml јаболков оцет
- ½ лажичка сол
- Мелен бибер
- 3-4 чешниња истолчен лук
BBQ маринада
Состојки:
-->
-->
- 1 шолја кечап
- 2 лажички шеќер
- ½ шолја вода
- ¼ шолја оцет
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка лук во прав
- 1 лажица сенф
- 1 лажичка црвен пипер
Бела маринада
Состојки:
-->
- 4 лажички мајонез
- 2 лажички оцет
- 1 лажичка лимонов сок
- 1 лажичка рен во тегла
- 1 лажичка сенф
- 1 лажичка бибер
*Оваа маринада, за разлика од другите се става врз месото откако ќе се испече.
Маринада од темно пиво
Состојки:
-->
- 200ml кечап
- 100ml јаболков оцет
- 330ml темно пиво
- 100g кафеав шеќер
- 1 лажичка сол
- Малку мелен бибер
- 1 лажичка лук во прав
Слатко-лута маринада
Состојки:
- 100g кафеав шеќер
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка чили во прав
- 1 лажичка лук во прав
- 1 лажичка бибер
- 1 лажичка мелено нане
- 200ml масло по желба
Маринада со јогурт
Состојки:
- 200ml јогурт
- 2 лажички сончогледово масло
- Кора и сок од 1 портокал
- 1 мал лук
- Коријандер и малку цимет, по вкус
- 1 лажичка рендан ѓумбир
- Сол и бибер
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг
Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути)
Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство
Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат
Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби
Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
5 предлог посни рецепти за деновите кога не знаете што да јадете
Пет рецепти без масло и со масло за деновите додека трае постот. Што можете да п...