Најлесниот десерт кој се прави од останатиот материјал од колачите
Од остатокот бисквити, крем или пандишпан може да направите весели колачиња на стапче или попознати како cake pops – колачиња кои посебно ќе им се допаднат на младите.
Кај овој десерт нема строг рецепт, тукуа се прави „од око.“
Важно е смесата да биде со права густина, како би можеле да правите облици.
Во еден сад ставете ги сите остатоци од десертот кој сте го правеле (а, може по желба да си додадете и нешто по ваш вкус) – пандишпан, крем, бисквити, стопено чоколадо, мелени или сечкани јаткасти плодови, мармалад... И во сета мешавина додадете малку растопен путер.
Промешајте додека не добиете густа смеса од која може да се прават облици.
Кога ќе направите облици какви сакате, може да стопите црно чоколадо или бело чоколадо во кое ќе додадете прехрамбена боја.
Потоа, креативноста нема граници...
Ова се само неколку шарени идеи:
М. Д. | Црнобело