Ќе излижете прсти – кремасти карамел плочки со чоколадна глазура
Ова е вистинскиот сладок рецепт за сите хедонисти – богат, раскошен вкус на карамела, прелиена со вкусно чоколадо.
Кората е богата со урми, мед и ореви, што значи дека дефинитивно нема да зажалите доколку ги направите уште денес.
Потребни состојки:
За кората:
- 200g урми
- 50g ситни овесни снегулки
- 80g ореви
- 1 лажица кокосово масло
- 3 лажици какао
- 2 лажици агаве сируп или мед
Исчистените урми потопете ги во топла вода околу 10 минути. Процедете ги и ставете ги во блендер со останатите состојки додека не добиете мазна смеса.
Смесата натапкајте ја во плех врз хартија за печење и оставете ја во замрзнувач 30 минути.
За филот:
- 300g кисела павлака
- 70g кокосов шеќер (или обичен)
- 2 лажички арома од ванила
- 10g или 1 ќесичка желатин во прав
Измешајте ја павлаката со шеќерот и аромата од ванила. Желатинот разматете го со неколку лажички вода и загрејте на средна температура.
Во топлата желатинска смеса ставете неколку лажички од разматениот крем и добро измешајте пред да го соедините со остатокот. Премачкајте ја кората и вратете го колачот во замрзнувачот уште половина час.
За глазурата:
- 100g чоколадо за готвење
- 1 лажица кокосово масло
- 1 лажица кокосово (или обично) млеко
Стопете ги сите состојки на пареа на средна температура, а потоа прелијте го колачот. Повторно вратете го добро да се олади пред да го сервирате.
(О)Милена | Црнобело