Лазања во корнет - Сочен ручек за првиот викенд од новата година
-->
Првиот викенд во новата година заслужуваме да се почастиме со неодолив ручек со богат вкус – направете си лазања во корнет.
Добро познатата редена лазања може да ја пробаме на нов начин – рецепт во кој ќе ужива цело семејство.
-->
Изгледа неодоливо и богато на трпезата и нема да можете да се сопрете од земање парче плус.
Потребни состојки:
- Лазања
- 700g мелено месо
- 250g рикота (или друго меко сирење)
- 200g рендана моцарела (или кашкавал)
- 500ml доматен сос
- 100g пармезан
- Маслиново масло
- Сол и бибер
Начин на подготовка:
- Потопете ги парчињата лазања во топла вода, исушете ги добро на крпа и исечете помали парчиња од нив, кои ќе ги заролате како корнет.
- Испржете го месото со сол и бибер на малку маслиново масло.
- Измешајте половина од испрженото месо со рикота сирење и со половина од ренданата моцарела или кашкавал.
- Ставете ја оваа мешавина во кесичка за замрзнување, исечете го врвот на кесата и полнете ги корнетите од лазања со оваа мешавина.
- Преостанатата половина од прженото месо измешајте го со половина од доматниот сос.
- Исечете парче лазања на помали парчиња и секое од нив редете го слоевито во мал, длабок сад – парче лазања, па малку од месото со доматен сос, па рендана моцарела или кашкавал – повторувајте во неколку слоеви, а најгоре ставете 2-3 парчиња лазања.
- Преклопете го садчето со поголем кружен сад во кој ќе сервирате и превртете, така што долната страна ќе дојде најгоре.
- Намачкајте ја куглата во средина со преостанатата половина од мешавината од месо и рикота.
- Остатокот од доматниот сос истурете го околу куглата од мелено месо и редете ги корнетите во куглата, така што малку ќе ги вдлабите во неа за да стојат цврсто.
- Одозгора наросете со преостанатите моцарела (или кашкавал) и со пармезан и ставете да се пече 15 миути на 200 степени Целзиусови.
- Исечете на парчиња и уживајте.
Погледнете го видеото за да ви биде појасна постапката (само првиот рецепт од видеото):
Lasagnes hérissonLasagnes hérisson ! c'est bon bon bon :)
Posted by Chefclub on Friday, October 23, 2020
-->
-->
М. М. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Предлог ручек: Орзо со пилешко и грашок
Ако не знаете што да зготвите за ручек, пробајте го овој брз и вкусен рецепт - о...
Рецепт за нудли со сусам и лук, совршен брз ручек за постите
Гладни сте и сакате да јадете нешто топло, но да го подготвите набрзина? За овој...
Викенд ручек: Сочни шпагети со грчки ќофтиња, во црвен сос
Овој превкусен рецепт е комбинација од италијанската и грчката кујна... Дали би ...
Посен ручек за сладокусци - полнети црвени пиперки со ориз и печурки
Во деновите на пости, ви препорачуваме превкусен рецепт за црвени пиперки полнет...
Рецепт за посна салата од компири со прелив од кари
Компирите честопати се дел од нашето мени, без разлика дали е за ручек, како сал...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство
Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...