Брз, празничен рецепт – полнети, чоколадни корпи што се прават за 10 минути
-->
Вкусни, се топат во устата, неодолива комбинација на чоколадо, путер од кикиритки и џем. Ќе ги направите за 10 минути, ќе ги изедете (веројатно) за минутка.
Овие полнети, чоколадни корпи ќе станат вашиот омилен, брз, празничен рецепт… до Нова година веројатно ќе ги направите најмалку 3 пати.
-->
Потребни состојки:
- 200 g темно чоколадо
- 2 лажички кокосово масло
- Путер од кикиритки
- Домашен џем (вкус по избор), а може наместо џем да ставите и замрзнато овошје
Начин на подготовка:
- Стопете ја чоколадата заедно со кокосовото масло на пареа. Истурете мала количина во хартиени (или силиконски) мали корпи за да направите дно и ставете ги во фрижидерот да се оладат околу 10 минути.
- Извадете ги корпите и ставете 1 мала лажичка путер од кикиритки, а врз него слој од џемот или пак иситнетото смрзнато овошје.
- Прелијте ги корпите со уште еден слој чоколадо. Вратете ги во фрижидерот (или во замрзнувач доколку не ви се чека предолго).
- Откако добро ќе се стегнат, подготвени се за сладење.
-->
-->
(О)Милена | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Лиснати погачици со сладок крем и вишни
Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал
Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Здрава ресана торта, подготвена во блендер
Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство
Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа
Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Рецепт за путер колачиња со рум од кои ќе замириса целиот дом
Денес ви прикажуваме еден супер лесен рецепт за путер колачиња со рум.
Лесен ...