3 врвни рецепти за љубителите на рижото

Најреномираната академија за кулинарство во Италија „АЛМА“ подготви три неодоливо вкусни рецепти за рижото. Доколку сте љубители на италијанска кујна, сигурни сме дека со задоволство ќе сакате да испробате барем еден.

3-vrvni-recepti-za-ljubitelite-na-rizoto-01 (1).jpg

1. Рижото со тартуф и печурки (Risotto all’acqua di tartufo e funghi)

Состојки:

  • 320 гр ориз сорта Vialone nano
  • 600/700 мл бистра супа од тартуф
  • 40 гр планински путер
  • 50 гр печурки
  • 40 гр Пармиџано Реџано – рендан
  • Ладно цедено маслиново масло
  • Сол

3-vrvni-recepti-za-ljubitelite-na-rizoto-02.jpg

Постапка:

  • Бистрата супа од тартуф се подготвува така што во бујон од целер, морков и кромид, при крајот се додаваат парчињата тартуф, а потоа сето се цеди и дополнително се редуцира.
  • Печурките се сечат на средно големи парчиња, за да останат месести и по готвењето. Неколку поголеми печурки се сечкаат на мали коцкички и се чуваат за подоцна.
  • Оризот се пропржува на кратко со малку масло, а потоа се вари со постепено додавање на бистрата супа и малку сол, околу 9/10 минути.
  • Кога е готово се додаваат ситните коцкички печурки, путер и пармезан и се меша. Се додава сол по потреба и се остава неколку минути да отстои.
  • Во висока тава се загрева малку масло со сол и на него кратко се пропржуваат крупно сечканите печурки. По потреба се додава сол.
  • Оризот се послужува на чинија и се гарнира со печурките.

2. Рижото со рибизла и козја рикота (Risotto mantecato ai ribes rossi e ricotta di capra) 

Состојки за 4 лица:

  • 280 гр ориз сорта балдо
  • 80 гр путер
  • 80 гр козја рикота
  • 60 мл сок од рибизла
  • 0,3 гр ксантан
  • 10 гр рибизла во прав
  • 1 литар растителен бујон
  • 12 листови од крбулица
  • 25 гр пармезан
  • 6 гр сол

3-vrvni-recepti-za-ljubitelite-na-rizoto-03.jpg

Постапка:

  • Во сокот од рибизла се додава згуснувачот ксантан и се мати со рачен блендер сѐ додека не добие желатинозна структура, а потоа се става во шишенце со отвор.
  • Рикотата се мати со маталка за да стане кремаста и мазна смеса и потоа се става во слаткарски шприц.
  • Оризот се застаклува на тава со 20 гр путер, потоа се посолува и се готви со растителниот бујон. Кога е готов, надвор од оган се додава путерот и пармезанот и се меша.
  • Се сервира во широка чинија, а одозгора се гарнира наизменично со кремата од рикота и со желатинот од рибизла. Се поросува со рибизла во прав и со листови крбулица.

Рижото со шафран, смрека и лимон со крема од прегорен кромид (Risotto zafferano, ginepro e limone con crema di cipolla bruciata)

Состојки за 4 лица:

  • 200 гр кромид
  • 200 гр путер
  • 2 лимони
  • 360 гр ориз
  • 100 гр Грана Падано
  • Бобинки од смрека
  • вода

3-vrvni-recepti-za-ljubitelite-na-rizoto-05.jpg

Постапка:

  • Кромидот се сече на кришки без да се лупи, кришките се редат во тава и се печат на тивок оган. Кога делот што ја допира тавата ќе изгори, кришките се вртат и се оставаат да изгорат и од другата страна.
  • Потоа се додава вода и се остава кромидот сосема да се свари.
  • Кромидот се лупи и се мати во блендер додека не се добие пире, а добиеното пире се поминува низ цедалка.
  • Путерот се сече на коцки, кората од од еден лимон се ренда. Лимоните се цедат и сокот, заедно со изренданата кора се загрева во лонче, а потоа постепено се додава путерот и убаво се меша додека се добие изедначена емулзија. 
  • Добиената смеса се остава во фрижидер да се излади и стврдне.
  • Се подготвува вода ароматизирана со бобинките смрека и се загрева.
  • Оризот се застаклува во тава без масло и се вари околу 18 минути со постепено додавање на ароматизираната вода.
  • Се завршува надвор од оган со ренданиот Грана Падано и путерот со лимон и се меша.

Би можело да ве интересира:

3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
5 предлог посни рецепти за деновите кога не знаете што да јадете Пет рецепти без масло и со масло за деновите додека трае постот. Што можете да п...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg