Уметност во чинијата: Тарт од наут со есенски зеленчук

Ако сте љубител на здрава храна, денес на менито од италијанската кујна, подготвуваме тарт од наут со есенски зеленчук.

tart-od-naut-so-esenski-zelencuk-01.jpg

Сигурни сме дека ќе уживате во ова вкусно задоволство. Рецептот е од најреномираната академија за кулинарство во Италија „АЛМА“

Тарт од наут со есенски зеленчук (Tortino di ceci, verdure autunnali)

Состојки за тартот од наут:

  • 125 гр вода
  • 75 гр брашно од наут
  • 35 гр масло
  • 3 гр сол
  • бибер
  • 70 гр кромид
  • 40 гр карфиол
  • 40 гр спанаќ
  • 40 гр компири

Состојки за мајо мисо:

  • 20 гр бадемово млеко
  • 12 гр сок од лимон
  • 10 гр екстракт од ѓумбир
  • 10 гр вода од цвекло
  • 1 гр сол
  • 165 гр ладно цедено маслиново масло
  • 20 гр бело мисо (јапонски додаток од соја)

За сирењето од бадеми:

  • 250 гр бадемово млеко
  • 17 гр сок од лимон
  • 20 гр ладно цедено маслиново масло
  • 2 гр сол
  • 3 гр тамари (јапонски сос)

За зеленчукот:

  • 80 гр цвекло
  • 100 гр вода
  • 100 гр бел оцет
  • 36 гр шеќер
  • 8 гр сол
  • 5 гр копар
  • 5 гр крбулица
  • 80 гр фенел (коморач)
  • 10 гр сусам
  • 80 гр моркови
  • 10 гр шеќер во прав

За декорација:

  • Масло
  • Бибер

Постапка:

  • Брашното од наут се меша во блендер заедно со вода, бибер, 10 гр масло и 1 гр сол. Добиената смеса се остава да отстои 24 часа.
  • Зеленчукот се пропржува на тава со 25 гр масло и 2 гр сол.
  • Зеленчукот се додава во смесата од наут. Со калап се двојат форми по желба и се печат на тава со малку масло.
  • За мајо-мисо се прави емулзија од бадемово млеко и сок од лимон, ѓумбир, вода од цвекло, сол и мисо. Се додава масло многу постепено и се меша постојано.
  • За сирењето од бадем, млекото се загрева до вриење, се трга од оган, се додава лимон и сол, се меша со маталка и се остава да стои половина час. Потоа се процедува низ газа. Добиената засирена маса се зачинува со масло и сол по потреба.
  • Подготовка на зеленчукот: морковите се сечат на кришки дебели 2мм и кратко се варат во солена вода. Потоа се посипуваат со шеќер во прав и се карамелизираат со пиштол на оган.
  • Фенелот се сече на дебелина 3 мм и се остава неколку часа во вода со мраз. Потоа се зачинува со масло и се посипува со црн и бел сусам.
  • Цвеклото се сече на коцки од 1,5 цм, се вари кратко во вода со шеќер, оцет и сол. кога е ладно се зачинува со масло и малку копар и крбулица.

Послужување:

На чинијата се прави долга црта од мајо мисо. од едната страна се поставуваат тартот од наут и сирењето од бадем. Се гарнира со зеленчукот.

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg