Десерт за итри „домаќинки“ – Превкусни штрудли од готови кори и пудинг
-->
Овие брзи штрудли се рецептот кој треба да го испроба секоја итра домаќинка, која не сака да се затвори во кујна, а за 30 до 40 минути на маса ќе има превкусен десерт.
Десертот го обожаваат и стари и млади, а за да го изведете ви требаат само некои едноставни состојки.
-->
Потребно е:
- 1l млеко
- Пудинг од ванила и пудинг од чоколадо
- 4 лажици мед
- 2 супени лажици гриз
- 50ml масло
- 200ml кисело млеко
- 10g прашок за печиво
- 2 јајца
- 2 супени лажици шеќер
- 6 кори за пита
Подготовка:
- Помешајте малку млеко со 2 лажици мед, пудинг од чоколадо, а потоа направете го истото и со пудингот од ванила.
- Преостанатото млеко поделете го на половина и пудинзите варете ги во посебен сад, додека не згуснат. Тргнете од оган и оладете.
- За премачкување, помешајте малку масло, гриз, јајца, прашок за печиво и кисело млеко. Добро измешајте.
- На првата кора нанесете од премазот, на втората исто, па дури на третата ставете од пудингот. Замотајте и ставете го ролатот на подмачкана тава.
- Повторете ја постапката и со другиот пудинг и со преостанатите 3 кори.
- На крајот, двата ролати премачкајте ги со остатокот од намазот.
- Печете на 200 степени околу 30 минути.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Брз и хранлив оброк: Јајца со кисело млеко или павлака, на турски начин
Пржените јајца честопати се дел од нашите оброци, а најчесто ги подгот...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа
Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство
Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за вртена пита со паричка за Василица од готови кори
Рецепт што ќе им се допадне на младите, но и на искусните домаќинки. Како да под...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути)
Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...