Сочен ручек: Компир торта полнета со кашкавал и сланина
-->
Идеален ручек за љубителите на богат вкус на кашкавал, во комбинација со компир и сланина.
Рецептите со компир одат до бесконечност, а овојпат ви предлагаме компир торта која ќе ви го задоволи сетилото за вкус со богатата текстура и состојки.
-->
Запечено компир пире со крцкава сланина и растопен кашкавал кој се разлева од средината... веројатно веќе огладневте.
Подгответе си го овој ручек викендов.
Потребни состојки:
- 10 компири
- 100g брашно
- 3 јајца
- 150g сланина, сечкана
- 50g путер
- 1 калап камембер сирење
- Магдонос
- Сол и бибер
- 8 парчиња сланина за редење одозгора
Начин на подготовка:
- Изгмечете ги компирите и додадете ги сите состојки во садот освен парчињата сланина.
- Измешајте добро додека не добиете хомогена смеса.
- Истурете поголем дел од смесата во кружен калап и измазнете ја.
- Во средината вметнете го калапот сирење или кашкавал по желба и одозгора премачкајте со остатокот од смесата.
- Наредете ги наизменично парчињата сланина одозгора.
- Ставете да се пече 25 минути на 180°С.
-->
-->
М. М. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Викенд ручек: Сочни шпагети со грчки ќофтиња, во црвен сос
Овој превкусен рецепт е комбинација од италијанската и грчката кујна... Дали би ...
Предлог ручек: Орзо со пилешко и грашок
Ако не знаете што да зготвите за ручек, пробајте го овој брз и вкусен рецепт - о...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат
Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Лесен рецепт за брза вечера: Пита од тортиљи со растопен кашкавал и шунка
Мека пита со парченца шунка и растопен кашкавал, без месење, тегнење и чекање......
Рецепт за посна салата од компири со прелив од кари
Компирите честопати се дел од нашето мени, без разлика дали е за ручек, како сал...
Рецепт за нудли со сусам и лук, совршен брз ручек за постите
Гладни сте и сакате да јадете нешто топло, но да го подготвите набрзина? За овој...