Зошто сите ја обожаваат летната торта со маслиново масло, која ја проба и Ким Кардашијан?
-->
Откако Ким Кардашијан на Инстаграм објави фотка од необичната торта од маслиново масло, светот преку ноќ почна да го испробува рецептот.
Се работи за рецепт на Лиз Рот, која во екот на карантинот смисли здрава торта, а истата пробаа да ја направат Ким и Кајли.
-->
Предноста е што може да стои со денови, а вкусот да остане ист како првиот ден кога сте ја направиле, па многумина ја ставија на листата омилени летни десерти.
Состојки:
- 300ml маслиново масло
- 2 шолји брашно
- Сок од 1 портокал
- Кора од 1 портокал
- Малку есктракт од ванила
- 1 шолја шеќер
- 3 јајца
- 2 лажички прашок за печиво
- ½ лажичка сода бикарбона
- Малку сол
Подготовка:
- Прво измешајте ги прашкастите состојки.
- Посебно изматете го маслото со јајцата, ванилата, сокот и кората од портокалот, па постепено додавајте ги во сувата смеса. Измешајте додека не се изгубат сите грутки.
- Истурете ја смесата во тава обложена со мрсна хартија. Печете 40-50 минути на 180 степени.
- Изладете и посипете со шеќер во прав или овошје по желба.
Напомена: Тортата не смее да се чува во фрижидер, исклучиво на собна температура.
-->
-->
-->
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство
Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки
Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет
Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...
Рецепти за 3 брзи ролати за новогодишната трпеза
Чоко ролат со крем банани, или ролат со кокос... Изберете некои од нашите предло...
-->