Највкусниот летен намаз за палачинки и колачиња – од 2 состојки
За овој рецепт ви се потребни само две состојки, а во неговиот вкус ќе уживате покрај сите приготвени десерти, од палачинки, до мафини и други суви колачиња и торти.
Се мачка на лесните пандишпани и теста, а кога малку ќе се растопи во топлите палачинки е убедливо највкусен.
Подготовка на намазот:
Оставете 100g путер на собна температура да отстои преку ноќ.
Кога добро ќе омекне, изматете го со миксер, па додадете му 2-3 лажички џем по избор и повторно измешајте додека се соедини.
Домашниот џем од јагоди и малини е најдобар избор, но може да експериментирате со она што го имате во фрижидер.
Намазот може да го чувате во тегличка во фрижидер. Користете го за филување на палачинки, кроасани и разни печива, по можност топли, штотуку извадени од рерна.
Може да го додадете и на парче благо лепче, за појадок.
М. Д. | Црнобело