За сите сладокусци – брз и вкусен Милка чизкејк без печење
-->
Сите сакаме чизкејк, а кога истиот вклучува чоколадо во составот, не можеме да му одолееме. Подгответе се да го вкусите најслаткиот чизкејк од кој невозможно е да изедете само едно парче.
Потребни состојки:
- 2 пакувања бисквити (околу 400-500 g)
- 250 g путер
- 400 g кисела павлака
- 500 g маскарпоне
- 200 g слатка павлака
- 1 ќесичка желатин
- 150 g шеќер во прав
- Милка чоколада – комбинација на бела и млечна, или каква сакате по избор
Начин на подготовка:
- Сомелете ги бисквитите и помешајте ги со путерот.
- Поставете ја смесата на дното од калап со обрач и добро натапкајте ја. Оставете ја во фрижидерот да се стегне.
- Започнете го кремот со мешање на киселата павлака и маскарпонето. Настрана изматете ја слатката павлака. Помешајте сè заедно, додадете го желатинот и шеќерот во прав.
- Стопете го чоколадото на пареа и додадете го во смесата. Добро измешајте.
- Истурете го подготвениот крем врз слојот од бисквити и оставете добро да се олади во фрижидерот, најмалку 4 часа, пред послужување.
(О)Милена | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата
Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат
Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Рецепт за лесни велигденски зајчиња полнети со Нутела
Се прават од готово лиснато тесто, само треба да го намачкате со Нутела и да нап...
Рецепт за пилешко полнето со печурки и пармезан
Ако досега не сте зготвиле пилешки гради на овој начин, пробајте ги веднаш - нем...
Тирамису со ф’стаци и пишкоти - совршен десерт за сечиј вкус
Ако не можете да му одолеете на вкусот на класичното тирамису, тогаш сигурно ќе ...
Направете вкусна мусака со модри домати, по грчки рецепт
Ако сте расположени за традиционален ручек, но ви се здосадени секојдневните рец...