Идеални за семеен собир – благи такоси полнети со јаготки
Доколку ви здодеаа обичните палачинки (знаеме дека тоа е невозможно, но сепак) и сакате да ја смените слатката рутина, ви предлагаме да подготвите благи такоси полнети со омиленото пролетно овошје – јагоди.
Се прават брзо и лесно и дефинитивно нема да запрете на само еден изеден благ такос.
Потребни состојки:
- 2 јајца
- ½ шолја млеко
- ½ шолја вода
- ¼ лажичка сол
- 2 лажици масло по избор (сончогледово, кокосово, ленено)
- 1 шолја бело, сенаменско брашно
Начин на подготовка:
1. Измешајте ги горенаведените состојки додека не добиете тесто слично како за палачинки.
2. Истурете малку поголема количина во загреано тавче премачкано со масло и печете ги такосите од двете страни додека добро не заруменат.
3. Најздравата варијанта е да ги наполните со павлага, свежи јагоди и малини, но доколку сте расположение за нешто послатко слободно ставете чоколаден крем, овошје, сечкани јатки, шлаг… можностите се многубројни, а зависат од вкусот.
(О)Милена | Црнобело