Како најдобро се подготвуваат млади компирчиња, крцкави, а меки однатре?
-->
Сезоната на млади компирчиња треба да ја искористите максимално, а за тоа не ви требаат некои комплицирани рецепти.
Идеални за додаток на секој ручек или за брзо мезе.
-->
Потребно ви е:
- 500g млад компир
- Малку масло и путер
- 2 чешниња лук
- Малку свежа мајчина душичка
- Малку свеж магдонос
- Сол и бибер
Подготовка:
Компирот добро измијте го и ставете го во солена вода да соврие. По 15 минути варење, тргнете го и процедете.
Исцедениот компир ставете го во тава со малку масло.
Секој компир лесно притиснете го со виљушка.
Во посебна чинија иситнете го лукот, малку путер и ситно сечканите зачини и премачкајте.
-->
-->
Потпечете на 250 степени околу 5-10 минути. Извадете од рерна, посолете и додадете свеж магдонос доколку сакате уште малку.
-->
Уживајте!
-->
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Лиснати погачици со сладок крем и вишни
Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа
Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал
Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство
Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Рецепт за путер колачиња со рум од кои ќе замириса целиот дом
Денес ви прикажуваме еден супер лесен рецепт за путер колачиња со рум.
Лесен ...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...