Вкусен десерт без печење и многу мака – чоколадни коцки со путер од кикиритки
Сите ги сакаме рецептите кои вклучуваат малку состојки, уште помалку вложен труд, а одличен вкус.
Доколку сте расположени за нешто слатко, подгответе чоколадни коцки со неодолив вкус на путер од кикиритки за вашите најблиски.
Потребни состојки:
- ¾ шолја иситнети бисквити или плазма кекс
- ½ шолја стопен путер
- 2 шолји шеќер во прав
- ½ шолја путер од кикиритки со парченца кикиритки во составот, не мазен (по можност)
- 100-150 gr чоколадо (темно или млечно, по желба)
Начин на подготовка:
1. Во подлабок сад измешајте ги иситнетите бисквити заедно со путерот. Додадете ги шеќерот и путерот од кикиритки. Добро измешајте додека не добиете компактна, еднолична смеса.
2. Во тавче со должина од 20 cm на коешто сте поставиле хартија за печење натапкајте ја добро подготвената смеса.
3. Стопете го чоколадото на пареа и истурете го врз смесата од бисквити и путер од кикиритки. Оладете ја „тортата“ во фрижидер најмалку 30 минути до 1 час или во замрзнувач доколку не ви се чека толку долго.
4. Исечете на коцки и послужете.
(О)Милена | Црнобело