Здраво, вкусно и лесно за почетници – посни плескавици од грав
Ова е одличен рецепт за сите почетници, за оние кои постат и генерално за сите кои сакаат да се хранат здраво. Во овој период кога дел од намирниците во продавниците се во дефицит, сигурно имате резерви на грав, а со него може да направите вкусни плескавици.
Потребни состојки:
- 500 gr грав
- Сол и други билни зачини по избор
- 2 лажички мелена црвена пиперка
- Бибер и ким по вкус
- 2 ловорови листа
- 1 морков
- 40 gr кромид
- 2 чешниња лук
- 5 лажици масло + додатно масло за пржење
- 3 лажици лебни трошки
- Брашно
Начин на подготовка:
1. Сварете го гравот (задолжително фрлете ја првата вода по киснењето), заедно со ловорот и морковот, па испасирајте ја смесата. Може да користите и грав од конзерва, во тој случај само сварете го морковот за да не биде тврд при пасирањето.
2. Додадете ги зачините според вкусот, лебните трошки и формирајте плескавици кои ќе ги извалкате во брашно
3. Пржете ги на загреано масло додека не се заруменат.
Постапката на подготвување може да ја видите во следното видео:
(О)Милена | Црнобело