Прелијте неколку банани со чоколадно тесто – и добивате сочен колач

Подготовката на овој чоколаден колач е брза, вкусот е совршен, а текстурата мека – не е тешко да се заљубите во секое залче.

prelijte-nekolku-banani-so-cokoladno-testo-i-dobivate-socen-kolac-02.jpg

Потребни состојки:

  • 300g брашно
  • 300g шеќер
  • 50g какао во прав
  • 1/3 лажичка сол
  • 1 лажичка ванилин шеќер
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 4 јајца
  • 300ml млеко
  • 50ml масло
  • 60g путер
  • 4 банани
  • 1 лажица оцет
  • Кокос за декорација

За прелив:

  • 70ml млеко
  • 70g шеќер
  • 20g какао во прав
  • 40g путер

Подготовка:

Сите прашкасти состојки измешајте ги во длабок сад, додадете ги јајцата, млекото, маслото и растопениот путер, па соединете ги со мешање.

Малку заматете со миксер, додека не добиете еднолична смеса.

Бананите излупете ги, отсечете им ги крајчињата и исечкајте ги на парчиња околу 3 сантиметри. Наредете ги исправено во тавче за печење, намачкано со малку путер.

Во чоколаднанта смеса ставете лажица оцет, промешајте, па прелијте околу наредените банани. Израмнете со лажицата, добро распоредете и печете на 180 степени 60 до 75 минути.

Посипете го кокосот за декорација.

prelijte-nekolku-banani-so-cokoladno-testo-i-dobivate-socen-kolac-01.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колач со вишни, по рецептот на нашите баби Ако носталгијата има мирис и вкус, тогаш сигурно потсетува на колачот со вишни ш...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg