3 супер совети за крцкави печени компирчиња како во ресторан

Печениот компир во рерна лесно може да биде прав деликатес, но може и да заврши како мрсен и невкусен прилог.

3-super-soveti-za-krckavi-peceni-kompircinja-vo-restoran-001.jpg

Па, како да не ги направите трите најчести грешки?

Совети од искусните домаќинки за крцкави печени компирчиња, како во ресторан:

1. Компирот секогаш треба кратко да го сварите, па потоа да го ставите на печење.

Излупете ги компирите и исечете ги на парчиња, па потоа проварете ги во вода во која ќе ставите малку сода бикарбона.

Исцедете во метална цедалка, па потоа преминете на следниот чекор.

3-super-soveti-za-krckavi-peceni-kompircinja-vo-restoran-2.jpg

2. Компирот треба да се пече раширен во голема тава

Основната грешка е да го натрупате тавчето со компир, па да потурите масло одозгора.

Кратко сварениот компир треба да го помешате со масло и билки по желба, па дури потоа внимателно да го распоредите во тавата, така што ќе има доволно простор да се испече од сите страни.

3. Внимателно со мешањето

Бидејќи компирот се пече барем 30 минути и тоа на температура помеѓу 200 и 220 степени, неопходно е да го проверувате на 10-тина минути.

Притоа, внимателно промешајте и превртете го, а добро е и превртувањето да го направите со протресување на тавчето.

3-super-soveti-za-krckavi-peceni-kompircinja-vo-restoran-3.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Брз ролат со плазма и овошје (без печење) Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg