Колач за 5 минути, само измешајте и испечете

Нема да најдете поедноставен и побрз рецепт од овој. Ова е рецепт за колач кој лесно ќе го направите без употреба на вага или некои сложени кулинарски техники.

Kolac-za-5-minuti-01.jpg

Потребна ви е само шолја од 200 ml, да ги измешате состојките, да го испечете колачот и веднаш да го вкусите.

Потребни состојки:

  • 1 шолја шеќер
  • 1 шолја брашно
  • 1 шолја мелени лешници или ореви
  • 1 шолја кисела павлака
  • ½ шолја какао
  • ½ шолја масло
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 прашок за печиво
  • 4 јајца

Начин на подготовка:

1. Ставете ги сите состојки во подлабок сад и измешајте ги со миксер. Започнете со јајцата, шеќерот, какаото, мелените ореви (или лешници), киселата павлака, маслото, прашокот за печиво и ванилиниот шеќер.

2. Истурете ја смесата во тавче за печење обложено со хартија за печење.

3. Печете на 170 °C околу 45 минути.

4. Колачот (по желба) може да го украсите со малку стопена чоколада, мрвички или шеќер во прав.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колач со вишни, по рецептот на нашите баби Ако носталгијата има мирис и вкус, тогаш сигурно потсетува на колачот со вишни ш...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg