Чоколадна торта по шведски рецепт
Постојат безброј рецепти за подготовка на чоколадна торта и секоја од нив е вкусна на посебен начин, но нашиот денешен предлог рецепт за чоколадна торта е пред сите други останати рецепти.
Начинот на подготовка на оваа чоколадна торта е лесен, не одзема многу време и не бара некои посебни состојки, како што тоа знае да биде случај со останатите торти.
Вкусот на чоколадната торта е нешто посебно, нешто што плени уште со првиот залак, нешто што ќе ве натера да посегнете по уште едно парче.
Потребни состојки:
- 1⅓ чаша шеќер
- 2 јајца
- ½ чаша брашно
- ¼ чаша какао во прав
- Малку сол
- ½ чаша путер, стопен
- 1 лажица ванила
- путер
- Какао во прав
- Шеќер во прав
- Бобинки (опционално)
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 180°C.
Во сад со средна големина, изматете ги шеќерот и јајцата додека смесата не добие бледо жолта боја.
Додајте ги брашното, какаото во прав и солта. Матете додека смесата не стане хомогена. Додајте ги путерот и ванилата и мешајте.
Премачкајте ја тавата со путер и посипете какао во прав. Истурете го тестото во тавата за печење.
Печете 20 минути, или додека се стврдне врвот на тортата. Средината треба да остане мека.
Посипете со шеќер во прав. Декорирајте со свежи јагоди.
Погледнето го видеото од целата постапка:
М. С. | Црнобело