Без печење: Торта која потсетува на кремаст еклер
Кремастите торти се нешто на кое ретко кој може да одолее.
Особено ако се лесни и едноставни, не само на вкус, туку и за подготовка.
За деновите кога ви се јаде нешто вкусно и благо, а не сте расположени за многу готвење, ова е идеалниот предлог.
Состојки:
- 2 кесички пудинг од ванила
- 3 големи шолји млеко (околу 750ml)
- 1 шолја слатка хопла
- бисквити
Глазура:
- 1/3 шолја какао
- 1 шолја шеќер
- 1/4 шолја млеко
- 110g путер (стопен)
- 1 лажичка екстракт од ванила
Начин на подготовка:
Подгответе го пудингот и штом малку се излади измешајте го со претходно изматената хопла.
Наредете еден ред бисквити па прелијте со филот од пудинг и хопла.
Повторете ја постапката уште двапати или додека имате фил.
Глазурата подгответе ја така што ќе ги ставите какаото, шеќерот и млекото во тенџере да вријат околу 1 минута со постојано мешање. На крајот додадете го екстрактот од ванила и путерот и убаво измешајте.
Вака подготвената торта оставете ја да се стегне во фрижидер преку ноќ.
М. С. | Црнобело