Ќе ви се најде за празниците: Тесто готово за 10 минути

Ретко кој може да одолее на мирисот и вкусот на топли печива направени дома, посебно за време на празниците кога можете да ги комбинирате со вкусна руска салата или да ги консумирате како замена на купечкиот леб.

kje-vi-se-najde-za-praznicite-testo-gotovo-za-10-minuti-01.jpg

Речиси нема дом кој нема своја слава или се подготвува за празниците, а мора бргу да подготви поголема количина на кифлички или некои благи десерти за кои е потребно тесто.

kje-vi-se-najde-za-praznicite-testo-gotovo-za-10-minuti-1.jpg

За овој рецепт потребни ќе ви бидат само 10 минути за да го подготвите, на крајот е меко, не се лепи на рацете и лесно се меси.

Потребни состојки:

  • 4 мали шолји брашно (околу 800g)
  • Две лажички шеќер
  • 1/2 лажичка сол
  • Две лажички сончогледово масло
  • 500ml млеко
  • Вреќичка сув квасец (11g)

kje-vi-se-najde-za-praznicite-testo-gotovo-za-10-minuti-2.jpg


Подготовка на тестото:

Подготовката на ова тесто е повеќе од едноставна. Потребно е сите состојки да ги споите и да ги месите додека не добиете хомогена смеса. Така подготвената смеса ја ставате во сад и ја оставате во фрижидер да стои два часа. Потоа тестото го вадите од фрижидер и можете да го употребувате.

Од него можете да направите кифли, лепињи, пирошки.

kje-vi-se-najde-za-praznicite-testo-gotovo-za-10-minuti-3.jpg

kje-vi-se-najde-za-praznicite-testo-gotovo-za-10-minuti-4.jpg

Може да се пече и пржи во врело масло.

kje-vi-se-najde-za-praznicite-testo-gotovo-za-10-minuti-5.jpg

kje-vi-se-najde-za-praznicite-testo-gotovo-za-10-minuti-6.jpg

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брза ужинка со кој најлесно ќе ги натерате децата да јадат зеленчук Овие корејски палачинки се идеални за сите возрасни што сакаат да пробаат нешто ...
Рецепт за најмеките палачинки без млеко (може да останат свежи и до два дена) Подгответе вкусни палачинки и наполнете ги со фил по ваш вкус. Еден од триков...
Рецепт за здрав домашен пудинг од јапонски јаболка и мед Јапонски јаболка во комбинација со какао и мед за совршен здрав десерт, кој се п...
Рецепт за здрав протеински леб со овесни снегулки и семиња Ако сакате да се храните здраво тоа не значи дека по секоја цена треба да го исф...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg