Брз, непечен колач со бисквити и капучино

Освен што изгледа вкусно, овој непечен колач се подготвува неверојатно брзо и е идеално решение за топлите месеци кога не ви се печат кори и не ви се варат филови и шербети.

brz-nepecen-kolac-so-biskviti-i-kapucino-01.jpg

Подгответе го уште денес и послужете после ручек или со попладневното кафе.

Потребни состојки:

  • 500-550g бисквити
  • 50g капучино во прав
  • 2,5 dl млеко
  • 3 јајца
  • 6 лажици шеќер
  • 5dl слатка павлака
  • 1 лажица какао

Подготовка:

Изматете ги јајцата со шеќерот и истурете ги павлаката и какаото во нив. Матете неколку минути додека не направите цврст фил.

Капучиното прелијте го со жешко млеко. Секој бисквит потопете го во оваа смеса и направете кора од бисквити на една плитка тава.

Премачкајте со филот, па ставете уште еден ред бисквити. Повторувајте ја постапката додека не го потрошите материјалот.

Завршете со тенок слој од филот, а по желба може да прелиете и со растопено чоколадо.

Послужете со парчиња летно овошје или ладно матено кафе и уживајте!

brz-nepecen-kolac-so-biskviti-i-kapucino-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Колач со вишни, по рецептот на нашите баби Ако носталгијата има мирис и вкус, тогаш сигурно потсетува на колачот со вишни ш...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за вртена пита со паричка за Василица од готови кори Рецепт што ќе им се допадне на младите, но и на искусните домаќинки. Како да под...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg