Ви требаат само 20 минути за да ги направите овие чоколадни бајадери

Откако ќе го послужите совршено подготвениот ручек, непцата на најблиските, а и вашите веројатно очекуваат вкусно, слатко задоволство кое ќе ве маѓепса уште на прво залче. Затоа, ви ги предлагаме овие брзи бајадери без печење и филување.

vi-trebaat-samo-20-minuti-za-da-gi-napravite-ovie-cokoladni-bajaderi-01.jpg

Идеални се за секоја прилика затоа што се подготвуваат за максимум 20 минути.

Потребно ви е:

  • 2dl вода
  • 550g шеќер
  • 300g мелени ореви
  • 300g мелени бисквити
  • 250g путер
  • 100g чоколадо за готвење

За чоколадна глазура:

  • 150g чоколадо за готвењe
  • 2 лажички масло

Подготовка:

Во голем лонец ставете ја водата со шеќерот да се загрее, додека целосно не се растопи. Потоа додајте го и путерот. Кога и тој ќе се растопи целосно, додајте ги оревите и мелените бисквити и непрестанато мешајте. Треба да добиете изедначена смеса.

Добиената смеса поделете ја на 2 еднакви дела. Во едниот додајте го растопеното чоколадо, а во вториот може да додадете рум ако сакате или да го оставите така.

На чинија или тава поставете мрсна хартија за печење, а потоа ставете го првиот чоколаден дел од смесата и со раце обликувајте квадрат или правоаголник. Повторете ја постапката и со вториот дел.

Чоколадото за глазура истопете го на пареа и додадете малку масло. Прелијте ја бајадерата.

Најдобро е да отстои неколку часа во фрижидер пред послужување. Исечете коцки или правоаголници и уживајте!

vi-trebaat-samo-20-minuti-za-da-gi-napravite-ovie-cokoladni-bajaderi-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Здрава ресана торта, подготвена во блендер Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Рецепт за путер колачиња со рум од кои ќе замириса целиот дом Денес ви прикажуваме еден супер лесен рецепт за путер колачиња со рум. Лесен ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg