3 добри стари трикови за највкусни палачинки
Додека едни се држат до строгиот рецепт, други ги ставаат состојките „од око“, а трети пак ниту еднаш не добиле исто тесто за палачинки два пати по ред.
Не знаеме точно на кој тип вие припаѓате, но имаме неколку трикови кои секако ќе ви ја олеснат работата.
1. За палачинките да не бидат премногу масни, печете ги во тефлонска тава на која ќе ставите малку масло пред почетокот на печењето и ќе го размачкате со кујнска четка. Никако не ставајте масло пред секоја палачинка.
2. Ако сакате лесни и меки палачинки, делот каде треба да ставите млеко заменете го со вода или минерална вода. Палачинките нема да бидат жилави, туку лесни.
3. Мајсторите за палачинки велат дека пред печењето тестото треба да отстои во фрижидер. Ако сакате совршени палачинки навечер, најдобро е смесата да ја подготвите попладне.