Два посни рецепта со кои ќе ја збогатите трпезата на Св. Никола

Пита со зелка или праз, риба, макало со компир и пиперки и посна сарма... без нив слава не поминува, но ви предлагаме уште два уникатни рецепта со кои сите ќе ви ја пофалат овогодишната трпеза. 

dva-posni-recepta-za-da-ja-zbogatite-trpezata-na-sv-nikola-01.jpg

Доколку подолго време славите Св. Никола, сигурно веќе имате неколку добро усовршени специјалитети кои се повторуваат секоја година.

Но, ако сакате да ја збогатите трпезата и да вметнете некој поуникатен рецепт, тогаш имаме два идеални за вас, кои ќе ги подготвувате во цел празничен период. 

Освен вкусните главни јадења, како посна сарма, гравче и риба, понудете им на гостите и една кремаста салата со пченка и лиснат ролат полнет со печурки и спанаќ.

Посна кремаста салата со пченка

Потребни состојки:

  • 600-800g пченка (од конзерва или смрзната)
  • 50g кромид, сечкан на ситни коцки
  • 280ml доматно пире од конзерва (со парчиња домати)
  • 100g вегански пармезан, рендан
  • 1 гранче магдонос, сечкан

За дресинг:

  • 2 лажици посен мајонез
  • 3 лажици посно/веганско крем сирење
  • ¼ лажица мелен кумин
  • ¼ лажица чили во прав
  • 1 чешне лук
  • 4 лажици сок од лимон
  • 1/3 лажица сол

Начин на подготовка:

  • Ставете ги сите состојки за дресингот во блендер и изблендирајте додека не добиете мазна смеса.
  • Во голем сад ставете ги сите останати состојки за крем салатата и добро измешајте ги.
  • Додадете ја блендираната смеса и измешајте додека да се соединат сите состојки.
  • Додадете уште малку пармезан и чили по желба одозгора.
  • Сервирајте со посни грисини или потпечени посни тортиљи.

dva-posni-recepta-za-da-ja-zbogatite-trpezata-na-sv-nikola-06.jpg

dva-posni-recepta-za-da-ja-zbogatite-trpezata-na-sv-nikola-07.jpg

Лиснат ролат, полнет со печурки и спанаќ

Потребни состојки:

  • 3 лажици кокосово масло
  • 1 голем кромид, сечкан ситно
  • 1kg печурки, сечкани на парчиња
  • 300g спанаќ (може и одмрзнат)
  • 3 чешниња лук, ситно сечкани
  • 1 лажица рузмарин, сечкан
  • 1 лажица балсамико оцет
  • 1 лажица сенф
  • 120g ореви, сечкани
  • Сол и бибер
  • 2 пакувања готово лиснато тесто, посно

Начин на подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови.
  • Во поголема тава, загрејте 2 лажици кокосово масло на средно-висока температура на оган, додадете го кромидот и гответе додека не омекне, околу 8 минути.
  • Додадете ги печурките исечени на парчиња, намалете го оганот на средна температура и гответе додека не испари целата течност, околу 10-тина минути.
  • Додадете ги лукот, рузмаринот и зачините, гответе додека да пуштат вкус и мирис, околу минута.
  • Исцедете го вишокот вода од одмрзнатиот спанаќ и додадете го во тавата, заедно со оцетот и сенфот, па гответе додека не испари течноста, околу 3 минути или колку што ќе биде потребно. Филот треба да биде сув, за да не се растече по тестото.
  • Тргнете го тенџерето од оган и додадете ги сечканите ореви, зачинете со сол и бибер по вкус и измешајте.
  • Оставете филот да се излади во фрижидер, а потоа отворете го тестото и поставете го врз хартија за печење.
  • Половина од филот ставете на средината на првото тесто и замотајте го како ролат. Повторете го процесот и со другото тесто.
  • Поставете ги ролатите со крајниот дел од тестото одоздола за да не се отвори при печење, а со нож благо засечете вкрстено дијагонални линии одозгоре, така што ќе формирате форми на баклава.
  • Стопете една лажица кокосово масло, премачкајте го тестото и ставете да се пече 30-40 минути или додека не добие златно-кафеава боја.
  • Оставете да се излади 10-тина минути пред да сечете за послужување.

dva-posni-recepta-za-da-ja-zbogatite-trpezata-na-sv-nikola-02.jpg

dva-posni-recepta-za-da-ja-zbogatite-trpezata-na-sv-nikola-03.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Елка од ролати и уште 2 празнични рецепти за поубава божиќна трпеза Елка направена од мини ролатчиња од зелени палачинки, корнети во форма на елка о...
Два рецепта за сочно роловано пилешко во Air Fryer Постојат илјадници различни начини на кои можете да подготвите пилешко, а меѓу н...
Рецепт за здрав протеински леб со овесни снегулки и семиња Ако сакате да се храните здраво тоа не значи дека по секоја цена треба да го исф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg