Зошто, покрај вода, во лето треба да пиете и чаеви?
Човечкиот организам функционира на температура до 37 степени Целзиусови, па поради ова, повеќе му годат млаки наместо ладни пијалаци.
Иако можеби ладните пијалаци се освежителни во летните денови, штом ќе се спуштат во желудникот, телото почнува да ги „загрева“ до идеалната температура. Притоа, организмот троши повеќе енергија која се ослободува преку потење. Поради ова, пак, побрзо се трошат внесените течности.
Студените пијалаци можат да предизвикаат грчење на мускулите во хранопроводот, па не се препорачливи за луѓе со камења во жолчката. Причината е што може да настане поместување на камењата.
Знаеме дека во текот на летото важно е да пиеме многу вода, но исто важно е да пиеме и чаеви. Имено, доколку пиете само вода, можете да предизвикате спротивен ефект од посакуваниот - телото нема да ги добие важните состојки кои се губат преку потењето. Најдобро е да избегнувате да пиете еден ист вид чај во текот на целиот ден. Истовремено, избегнувајте ги чаевите со диуретски својства, како чај од коприва или магдонос, бидејќи тие можат дополнително да ве дехидрираат.
За да го збогатите чајот, можете да додадете свежо цеден лимонов сок, или неколку парчиња лимон и малку мед.
Доколку го засладувате чајот со шеќер, бидете внимателни, бидејќи шеќерот го забрзува развојот на бактериите. Па, доколку одеднаш правите чај за целиот ден, чувајте го во чист сад и најдобро е да не му додавате шеќер.
Можете и да ги комбинирате чаевите и да си направите „коктел“, а во продолжение погледнете неколку одлични летни комбинации.
Камилица и шипка
Измешајте две лажици чај од камилица и две лажици чај од шипка и прелијте ги со 4 децилитри зовриена вода. Оставете го чајот да се излади на собна температура, а потоа додајте неколку коцки мраз.
Чај со лимон
Измешајте 7 децилитри вода, 7 децилитри чај по желба и додајте 7 децилитри свежо цеден лимонов сок. Лимоновиот сок разредете го со вода со однос 1:1. Овој пијалак го спречува наглото покачување на крвниот притисок, како и потењето придружено со непријатен мирис.
Против потење
Во половина литар вода додајте една лажица чај од нане и една лажица чај од маточина. Чајот од маточина има смирувачко и антибактериско дејство. Доколку сакате да го спречите прекумерното потење, можете да додадете и лажица чај од жалфија.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:




