3 летни пијалаци кои го намалуваат целулитот за 10 дена
Речиси и не постои жена што не сака да се ослободи од целулитот. Во летниот период, борбата против оваа појава е уште посилна, па жените се во состојба да пробаат сè што мислат дека би им помогнало.
Најдобриот начин да се ослободите од несаканиот целулит е со вежбање и со здрава исхрана. Добар избор се природните цедени сокови што лесно можете да си ги правите дома.
Ние ви предлагаме 3 рецепти за пијалаци кои ефикасно го уништуваат целулитот за помалку од две недели:
Пијалак од боровинки
Боровинките се извор на многу витамини кои го подобруваат изгледот на кожата, ги чистат токсините и ја зацврстуваат косата. Овој пијалак докажано влијае на отстранување на целулитот.
Подготовка:
Измешајте половина шолја боровинки со 400 ml. топла вода и оставете да отстои цела ноќ. Пијалакот пијте го следниот ден наместо вода. За најдобри резултати, пијте го овој пијалак 15 дена.
Пијалак од малини и нане
Малините и нането освен што го разладуваат и освежуваат организмот, богати се и со антиоксиданси и ги подобруваат метаболитичките процеси во телото. Пијалакот од малини и нане треба да го консумирате 10 дена, а дневната количина е 500 ml.
Подготовка:
Прелијте 100 грама малини и 4 ливчиња нане со 500 ml. млака вода. Оставете да отстои 4 часа, а потоа уживајте во овој здрав и вкусен пијалак. Можете да додадете и малку мед.
Пијалак од сливи и лимон
Сливите се богати со витамин А, B и Е, па ефикасно се борат против појавата на целулит. Пијалакот со сливи е многу вкусен и лесно се подготвува во домашни услови.
Подготовка:
Прелијте 15 сливи со 400 ml. топла вода и оставете да отстојат 4 часа. Потоа додадете малку сок од лимон и мед. Пијалакот пијте го 30 минути пред јадење и по десетина дена ќе забележите голема разлика.
М. В. | Црнобело